Словачка забранува собирање на повеќе од шест лица

пред 4 години

Словачката влада од утре ќе забрани собирање на повеќе од шест лица од различни домаќинства поради брзото ширење на инфекцијата со коронавирус.

Одлуката е продолжение на низата мерки против ширењето на коронавирусот објавени во неделата. Од четврток, рестораните ќе можат само да доставуваат храна, а базените, сауните и спортските сали ќе бидат затворени.

Мерките предизвикаа конфликт во владејачката коалиција меѓу популистичкиот и конзервативен премиер Игор Матович и министерот за економија Ричард Сулик, кој претходно го напушти состанокот на националниот кризен тим за новите мерки.

Сулик од неолибералната партија Слобода и солидарност го критикуваше одговорот на владата. Тој смета дека мерките ќе и наштетат на словачката економија и дека нивното воведување не може да биде оправдано.

Премиерот го нападна Сулик и рече дека неговите изјави се „неодговорна саботажа на вонредни и неопходни мерки“ и дека на неговата партија и треба „подобар лидер“.

Scroll to Top