Србија: 3.499 новозаразени и 17 починати во изминатиот ден

пред 4 години

Бројот на починати од Ковид-19 во Србија се доближи до илјада (972), откако во изминатите 24 часа починале уште 17 пациенти, според официјалните податоци.

Во земјата во овој период се забележани 3.499 новозаразени лица, од вкупно 14.116 тестови. Во српските болници во моментов се згрижени 3.564 пациенти, од кои 158 се на респиратори, соопштија здравствените власти.

Во Србија досега од почетокот на пандемијата се направени близу еден милион корона-тестови. Стапката на смртност од болеста, според официјалните бројки, изнесува 1.26 отсто.

Scroll to Top