Судот забрани да се кремира телото на Марадона, ќе треба ДНК кога ќе се дели наследството

пред 3 години

Телото на починатата фудбалска легенда Диего Армандо Марадона не смее да биде кремирано, бидејќи може да има потреба од ДНК примерок во текот на оставинската постапка, одлучи денеска аргентински суд.

Како што јавија аргентинските медиуми, ја донесе судот во Буенос Аирес, и покрај тврдењето на личниот адвокат на Марадона, кој во изјава за Ројтерс истакна дека веќе е земен ДНК примерок при обдукцијата на телото.

Аргентинската фудбалска легенда почина на 25 ноември од срцев удар и е погребан на гробишта покрај неговите родители во близина на Буенос Аирес.

Судската постапка околу оставината на Марадона веќе започна и се очекува долг и сложен процес. Тој остави пет законски признаени деца, а уште шест други тврдат дека Марадона е нивен татко.

Scroll to Top