Твитер нема да му дозволи враќање на Доналд Трамп

пред 3 години

Твитер одлучи трајно да го суспендира профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Поради неговите повици на насилство Твитер нема да му дозволи на Трамп да се врати дури и ако повторно биде претседателски кандидат објави финансискиот директор на компанијата.

„Според нашите правила ако сте отстранет останувате отстранет засекогаш без разлика дали сте коментатор, директор, поранешен или актуелен политичар“ изјави Нед Сегал.

Во последната објава на Твитер, Трамп изрази разбирање на напаѓачите на конгресот. Претходно постојано имаше објави во кои тврдеше дека претседателските избори се украдени.

Scroll to Top