Телеграф: Хакирана лабораторија во Оксфорд за истражување на ковид

пред 3 години

Сајбер-група ја хакирала биолошката лабораторија на Универзитетот во Оксфорд, која го истражува Ковид-19, објави британски „Телеграф“.

Според лондонскиот весник, хакирањето се случило во Одделот за структурна биологија, познат како „Струби“, кој врши истражувања за Ковид-19, пренесува Ројтерс.

Универзитетот во Оксфорд не одговори веднаш на барањето за коментар, но за „Телеграф“ потврди дека „Струби“ бил мета на хакери.

„Го идентификувавме и ограничивме проблемот и сега истражуваме понатаму“, вели портпаролот на Оксфорд.

Scroll to Top