Тимот на СЗО го посети Институтот за вирологија во Вухан

пред 3 години

Експертите на СЗО го посетија Институтот за вирологија во Вухан како дел од истрагата за потеклото на пандемијата на коронавирусот.

Институт во моментов е најконтроверзното место во светот, ако се земат предвид бројните теории дека ширењето на вирусот кој зарази и уби милиони луѓе и го заклучи целиот свет започна од таму.

Тимот на СЗО чекаше неколку месеци за воопшто да добие дозвола за влез во Кина, а кога тоа го направија, кинеските власти ги испратија во 14-дневна изолација.

Десет истражувачи од тимот на СЗО учествуваат во обиколката на институтот. „Тимот очекува многу продуктивен ден и ќе ги постави сите потребни прашања“, им рече на новинарите еден од членовите на тимот, Питер Дасак, пред посетата.

Институтот има неколку лаборатории кои се под строги безбедносни мерки и во кои истражувачите работат на коронавирусите.

Покрај теориите на заговор, поранешниот американски претседател Доналд Трамп исто така го обвини институтот за „протекување“ на вирус што предизвикал Ковид-19 и пандемија.

Пекинг ги негираше обвинувањата и има своја теорија – дека постои можност вирусот да е увезен во Кина.

Scroll to Top