Трамп жестоко ги нападна „Фокс Њуз“

пред 4 години

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска жестоко ја критикуваше телевизијата „Фокс Њуз“.

„Дневниот рејтинг на Фокс Њуз падна. Викендите се уште полоши. Тажно е да се гледа ова како се случува, но тие заборавија што ги направи успешни и зошто беа популарни“, напиша Трамп додавајќи дека најголемата разлика на изборите во 2016 година и 2020 година е „Фокс Њуз“.

„Фокс њуз“ е американска телевизија која до пред некој ден го поддржуваше Доналд Трамп, а сега нагло го прекина преносот на прес-конференцијата на портпаролката на Трамп.

Кејли Мекенани одржа прес-конференција по изборниот пораз, а кога рече дека републиканците сакаат пребројување на гласите, Фокс Њуз го прекина нејзиниот говор.

Scroll to Top