Трамп поднесе тужба во Џорџија за поништување на изборните резултати

пред 3 години

Доналд Трамп поднесе тужба во државниот суд на Џорџија, во која се бара поништување на резултатите од претседателските избори одржани на 3 ноември, соопшти изборниот штаб на американскиот претседател.

Заедно со тужбата се приложени и изјави од жители на Џорџија, дадени под заклетва за наводна изборна измама, се наведува во соопштението.

Тимот на Трамп поднесе голем број тужби низ САД, обидувајќи се да ја оспорат победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден.

Судовите ги отфрлија речиси сите нивни тужби.

Scroll to Top