Трамп размислува превентивно да ги помилува своите три најстари деца

пред 3 години

Американскиот претседател Доналд Трамп, наводно, разговарал со неговите советници за превентивно помилување на неговите три најстари деца, зетот и личниот адвокат Руди Џулијани, објави „Њујорк тајмс“.

Трамп изразил загриженост дека Министерството за правда, под новата администрација на Џо Бајден, може да се намерачи на неговите три деца – Доналд Трамп Јуниор, Ерик Трамп и Иванка Трамп, како и на неговиот зет Џаред Кушнер, кој работел како висок советник во Белата куќа.

Веста дека Трамп размислува превентивно да ги помилува своите деца , исто така ја објави „Еј-би-си њуз“ .

Иако претседателите имаат широко овластување за помилување според уставот, ниту еден претседател не се обидел да помилува сојузни злосторства што сè уште не биле извршени.

Легално е претседателот да ги помилува членовите на неговото семејство – така поранешниот претседател Бил Клинтон го помилувал својот брат во 2001 година, кој бил осуден во 1985 година за трговија со дрога и поседување кокаин.

Scroll to Top