Трамп се врати во Белата куќа

пред 3 години

Американскиот претседател Доналд Трамп се врати во Белата куќа денеска во моментот кога медиумите во САД јавија дека Џо Бајден е избран за претседател.

Трамп изутрината играше голф во клуб што го поседува во Вирџинија.

Си-ен-ен јави дека кога се приближувал до Белата куќа бил дочекан од луѓе кои слават победа на Бајден, со извици – „Губитник, губитник“.

Актуелниот претседател на САД тврди дека победил на претседателските избори во САД. Тој се уште не му ја честитал победата на неговиот противник Џо Бајден.

Scroll to Top