Трамп: Ќе победиме, нема да се бројат гласовите кои стигнале по изборниот ден

пред 4 години

Републиканскиот кандидат Доналд Трамп повтори изрази уверување во својата победа на претседателските избори во САД и рече дека ќе покрене правна постапка против сите сојузни држави во кои неговиот демократски противник Џо Бајден тврди дека победил.

„Сите држави во кои Бајден тврди дека победиле ќе бидат законски оспорени за измама во гласањето и државни изборни измами. Имаме доволно докази – само погледнете во медиумите. Ќе победиме! Америка е на прво место“, напиша Трамп на Твитер.

Во посебна порака, тој напиша дека извојувал „голема легална победа во Пенсилванија“, без да прецизира на што точно мисли.

Тој исто така порача дека нема да се сметаат гласовите кои стигнале по изборниот ден во САД.

„Секој глас што стигнал по денот на изборите нема да се брои“, наведе Трамп на Твитер.

Во меѓувреме, судот во Пенсилванија донесе одлука набљудувачите од кампањата на републиканскиот претседател Доналд Трамп да можат да застанат поблиску и непосредно да го набљудуваат процесот на пребројување на гласовите во Филаделфија.

Во Пенсилванија сè уште трае пребројувањето на гласовите, што може да одлучи кој ќе биде следниот претседател на САД, а кампањата на Трамп ја поздрави пресудата на судот како голема победа.

Си-Ен-Ен тврди дека ниту еден суд не утврдил дека има повреди во пребројувањето на гласовите во Филаделфија.

Претходно, MСНБЦ објави дека пребројувањето на гласачките ливчиња добиени по пошта во Филаделфија е привремено прекинато, бидејќи Демократите побараа од Врховниот суд на таа држава да ја укине пресудата на долниот суд за набљудувачите овластени за броење на гласовите.

Scroll to Top