Три групи луѓе на кои нема да им биде дозволено да ја примаат вакцината на Фајзер

пред 3 години

Првата вакцина признаена во Велика Британија и Европската унија е на Фајзер и Бионтек, која е одобрена за масовна употреба.

Сепак, вакцината не треба да се дава на лица со алергии, бремени жени и деца на возраст под 16 години.

Зошто?

Како сè, и вакцината против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти, кои во повеќето случаи се благи и исчезнуваат за неколку дена. Сепак, британскиот комитет за вакцинација и имунизација (JVCI) предупреди дека има групи на луѓе на кои нема да им се дава вакцината на Фајзер и Бионтек.

Деца на возраст до 16 години

Сè уште нема доволно докази за тоа како вакцината на Фајзер влијае на децата. Вакцината е тестирана на возрасни, а тестирањето на деца не било на приоритетната листа затоа што ако се заразат со вирусот, тие обично имаат лесни симптоми или воопшто немаат.

Секако се спроведуваат понатамошни истражувања за подобро разбирање како вакцината на Фајзер влијае на безбедноста кај децата.

Бремени жени

Бремените жени или жените кои планираат бременост не треба да примаат вакцина бидејќи потенцијалните ризици не се познати.

Британскиот комитет за вакцинација препорача бремените жени да не се јавуваат во службите за итни случаи за да примат вакцина од слична причина како и децата.

– Сè уште нема податоци за безбедноста на вакцината против Ковид-19 во бременоста, ниту од студии врз луѓе или врз животни. Со оглед на недостаток на докази, потребна е претпазливост, затоа на бремените жени не им се препорачува да се вакцинираат – се наведува во нивната изјава.

Секако, во наредниот период ќе се спроведат понатамошни истражувања и на оваа тема.

Луѓе што имаат алергии

Предупредувањето дојде откако двајца здравствени работници во Велика Британија имаа силна алергиска реакција на вакцината.

Агенцијата за регулирање на лекови и здравствени производи (МХРА) издаде предупредување дека никој со историја на „значајни“ алергиски реакции на лекови, храна или вакцини не смее да се имунизира.

– Како што е вообичаено за новите вакцини, МХРА, како мерка на претпазливост, советуваше луѓето со значителна историја на алергиски реакции да не ја примаат вакцината на Фајзер. За среќа, здравствените работници кои доживеале анафилактичен шок се опоравуваат и се добро – рече проф. Стивен Повис, медицински директор на британската Национална служба за јавно здравје.

Scroll to Top