Уапсен српскиот рапер Раста, полицијата му пронајде пакетчиња со марихуана

пред 4 години

Популарниот српски музичар Раста попладнево е уапсен во Белград, откако полицијата кај него пронашла поголемо количество марихуана скапувано во пакетчиња.

Заедно со раперот, чие вистинско име е Стефан Ѓуриќ, било уапсено уште едно лице, кај кое е пронајден кокаин, соопшти полицијата.

Српските медиуми пишуваат дека се работело за планирана акција на Јавното обвинителство и полицијата, во чии рамки е претресен и станот на Ѓуриќ.

На двајцата осомничени им е одреден 48-часовен притвор, соопшти Обвинителството.

Раста, покрај по својата раперска кариера, е познат и како поранешен сопруг на српската пејачка Ана Николиќ, со која ја има ќерката Тара.

Scroll to Top