Убиени десетици џихадисти во Мали

пред 4 години

Неколку десетици џихадисти се убиени во операција на француската армија во близната на Ниаки, во Мали, објави доцна синоќа штабот на француската армија, јави дописникот на МИА.

– Околу триесет членови на ГАТ (вооружена терористичка група) кои припаѓаат на РВИМ (Собир за победа на исламот и муслиманите, исто така наречена ГСИМ,) беа неутрализирани за време на воздушна и хеликоптерска акција.Тие беа цел „на воздушните напади на авионите „Мираж 2000 “, хеликоптерите „Тигар“ и планинските командоси, соопшти портпаролот на штабот, полковник Фредерик Барбри.

Франција вчера соопшти дека од страна на нејзините сили во мали е убиен Бах Аг Муса, познат како „воен водач“ на Групата за поддршка на исламот и муслиманите (ГСИМ), поврзана со Ал Каеда. По забележувањето на сомнителен логор во близина на Ниаки, на 180 километри источно од Мопти, четири авиони Мираж 2000 полетаа од воздухопловната база Нијами, се вели во соопштението на француската армија. Четири борбени хеликоптери „Тигар“ и три транспортни „Кајман“ беа исто така вклучени заедно со планински командоси.

По првите воздушни напади врз логорот, командосите поддржани од борбени авиони и хеликоптери, воделе „копнена борба од околу еден час“, прецизира полковник Барбри. Запленети и уништени се и околу 20 мотоцикли и оружје.

Scroll to Top