Убиени најмалку 34 луѓе во терористички напад во Етиопија

пред 3 години

Во момент на оружен судир во северниот дел на Етиопија, во регионот Тиграј, кој се води меѓу етиописката војска и бунтовниците, вооружени терористи во западниот дел од земјата нападнале автобус, пришто се убиени 34 луѓе, соопшти Националната организација за човекови права.

Најмалку 20.000 луѓе избегаа од северниот дел на Етиопија, каде се водат жестоки борби. Дел од нив ја преминале границата со Сомалија, а дел заминале во Судан.

ОН и локалните хуманитарни организации се обидуваат да им помогнат на бегалците кои од Тиграј пристигнуваат во се поголем број.

Scroll to Top