Унгарската министерка за правда заразена со коронавирусот

пред 4 години

Унгарската министерка за правда Јудит Варга соопшти дека е позитивна на тест за коронавирусот, дека чувствува благи респираторни симптоми и оди во карантин.

– Од денеска сум дома во карантин со моето семејство. Работам од дома и нема да присуствувам на седници на Владата, објави вчера Варга на Фејсбук.

Варга, која води еден од најважните ресори во унгарската Влада и често патува во Брисел на состаноци во ЕУ, не кажа каде можеби е заразена и дали неодамна се сретнала со други владини претставници, вклучувајќи го и премиерот Виктор Орбан.

Scroll to Top