Франција повторно во полициски час, вкупниот број починати надмина 70 илјади

пред 3 години

Франција вчера ја надмина бројката од 70 илјади починати од Ковид-19 од почетокот на пандемијата. Вчера во земјата имаше 196 починати од последици од коронавирусот и вкупната бројка достигна 70 142.

Бројот на новозаразени и наатаму е висок, во последниов период, дневно има над 20 илјади нови случаи.

Во Франција од вчера на сила е полициски час од 18 часот поладне до 6 часот наутро. Рестриктивните мерки не придонесуваат многу во намалувањето на бројките на новозаразени.

Вакцинацијата е почната, досега 413 046 лица ја примиле првата доза.

Scroll to Top