Францускиот министер за финансии позитивен на Ковид-19

пред 4 години

Министерот за финансии на Франција, Бруно ле Мер изјави дека е позитивен на новиот коронавирус Париз, 19 септември 2020 (МИА) – Министерот за финансии на Франција, Бруно ле Мер изјави дека е позитивен на новиот коронавирус. Тој на Твитер наpиша дека немал симптоми и порача дека ќе продолжи со работа од дома. Мер истакна дека ќе биде во изолација седум дена. – Веднаш почнав да ги следам здравствените мерки што ги донесе Владата и се изолирав во домот, истакна Мер. Минатата недела премиерот на Франција Жан Кастекс беше позитивен на Ковид-19 откако беше во контакт со позитивно лице на велосипедската трка Тур де Франс. Во Франција вчера беа регистрирани рекордни 13.215 новозаболени со Ковид-19. ми/

Извор: mia.mk

Scroll to Top