Француски министер: Јас сум хомосексуалец и немам проблем тоа да го кажам

пред 3 години

Францускиот министер за европски работи Клемент Боне јавно призна дека е хомосексуалец и додаде дека нема проблем тоа јавно да го каже.

Тој го изјави тоа во интервју за геј списанието Тету, каде ветил дека ќе ја поддржи ЛГБТ заедницата во Полска.

Боне нагласи дека тоа што сакал да ја открие својата хомосексуалност, не претставувало пречка да стане министер.

Тој истакна дека на почетокот на следната година ќе ја посети „LGBT free Zone“ во Полска, кои постојат во стотина градови во таа земја.

– Како министер за европски работи имам дополнителна одговорност. Морам да се борам за толеранција, додаде Боне.

Scroll to Top