Хакиран израелскиот весник кој објави на „Твитер“ дека Трамп е на интензивна нега

пред 4 години

Израелскиот весник „Хајом“ објави на „Твитер“ дека американскиот претседател Доналд Трамп е префрлен на интензивна нега во болницата „Валтер Рид“. Но, информацијата не е точна.

„Breaking: Претседателот Трамп писмено му го пренесе овластувањето на потпретседателот Пенс пред да биде префрлен на одделот за интензивна нега во болницата Валтер Рид, според извори од израелската амбасада во Вашингтон“, гласеше твитот објавен на твитер-профилот на „Хајом“, дигиталното издание на најчитаниот весник во Израел.

Набргу потоа, твитот беше избришан, а „Хајом“ објави на Фејсбук дека нивниот твитер-профил е хакиран.

„Твитер-профилот на израелски Хајом на англиски јазик е хакиран. Неодамнешната објава поврзана со здравствената состојба на претседателот Трамп не беше објавена од ’Хајом’ и затоа беше отстранета”, се вели во објавата на Хајом на Фејсбук.

Scroll to Top