Хрватската државна администрација од 1 декември ќе работи од дома

пред 3 години

Државните и јавните службеници во Хрватска од 1 декември ќе работат од дома, како заштитна мерка против ширењето на коронавирусот, пишуваат медиумите од земјата, повикувајќи се на извори во Владата.

Како што неофицијално дознава порталот Индекс.хр, таквата одлука била договорена по долги дискусии, со цел да се запре ширењето на коронавирусот во службените простории.

За оваа мерка да стапи на сила, министерот за правда и администрација мора да подготви формално решение, што треба да се донесе во следните 10 дена.

Scroll to Top