„Хјуман рајтс воч“: Израел води политика на апартхејд над Палестинците

пред 3 години

Невладината организација „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) го обвини Израел за водење политика на апартхејд и прогон на Палестинците – и на сопственото арапско малцинство – што е еднакво на злосторства против човештвото.

Организацијата за човекови права со седиште во Њујорк објави извештај на 213 страници во кој се вели дека не сака да го изедначи Израел со јужноафриканската ера на апартхејдот, но оценува дали одредени активности и политики претставуваат апартхејд, како што е дефинирано со меѓународното право.

Израелскиот министер за надворешни работи ги отфрли обвинувањата како апсурдни и лажни и го обвини ХРВ за антиизраелска пропаганда, велејќи дека групата промовира бојкоти против Израел со години.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас го поздрави извештајот.

Scroll to Top