Центарот на главниот град на Тунис во целосна блокада поради најавен протест

пред 3 години

Туниската полиција денеска затвори голема област од централниот дел на главниот град Тунис и блокираше патишта за да го спречи најавениот граѓански протест, пренесуваат британските медиуми.

Полицијата има поставено барикади и кордони околу центарот на градот, бидејќи голем број луѓе се очекува да се соберат на осумгодишнината од убиството на познатиот политички активист Хотри Белаид, како и против полициските репресии.

Британските медиуми јавуваат дека, за разлика од протестите во изминатите недели, денешниот протест е поддржан и од унијата УГТТ, најмоќната политичка организација во земјата со еден милион членови.

Во Тунис од средината на јануари речиси секојдневно се одржуваат протести. Демонстрациите почнаа со одбележување на годишнината од туниската револуција која во 2011 година предизвика немири низ регионот,што беа познати како Арапската пролет.

Покрај спорадичните судири, на протестите досега се уапсени над 1.000 лица, а незадоволството на граѓаните се повеќе се зголемува поради големиот број апсења и злоупотреби на притворени лица, што туноското МВР ги демантира.

Scroll to Top