Црна Гора: Со коронавирус заразени десетина проценти од населението

пред 3 години

Црна Гора може да достигне 10 проценти од населението заразено со коронавирус до крајот на јануари, ако го задржи дневниот просек од 500 новоинфицирани лица од почетокот на годината.

Со 463 нови позитивни случаи забележани во четвртокот, Црна Гора регистрирала вкупно 51.160 случаи на инфекција со Ковид-19 од почетокот на годината, додека нешто помалку од 10.000 случаи во моментов се активни.

Со 1.497 активни пациенти на 100.000 жители, Црна Гора е водечка земја во регионот според овој параметар, следена од Словенија со 1.082 и БиХ со 852 случаи на 100.000, пренесува црногорската МИНА.

Црногорскиот институт за јавно здравје регистрираше седум нови смртни случаи од коронавирус во четвртокот, со што вкупниот број на смртни случаи поврзани со Ковид-19 достигна 712, повеќе од 0,1 процент од населението со нешто повеќе од 600.000.

Scroll to Top