Црна Гора: 17 лица животно загрозени како последица на коронавирусот

пред 4 години

Во Клиничкиот центар на Црна Гора, 17 пациенти се животно загрозени како последица на коронавирусот, соопшти здравствената установа.

53 пациенти заразени со Ковид-19 во моментов се лекуваат во таа здравствена установа, од кои 17 се во тешка состојба.

„Еден пациент е интубиран и поврзан со механичка вентилација, додека девет беа на неинвазивна вентилација“, се вели во соопштението.

Извор: makfax.com.mk

Scroll to Top