Црногорскиот амбасадор во Полска уапсен за корупција, вицепремиерот Абазовиќ вели: нема недопирливи

пред 3 години

Поранешниот црногорски министер за здравство и актуелен амбасадор во Полска, Будимир Шегрт, денеска е уапсен, соопшти потпретседателот на владата Дритан Абазовиќ.

„Го уапсивме поранешниот министер за здравство и амбасадор на Црна Гора во Полска, Будимир Шегрт. Нема недопирливи! Борбата против високата корупција останува наш приоритет!“ напиша Абазовиќ на Твитер.

Тој додаде дека и ќе докаже дека државата е посилна од организираниот криминал.

Лидерот на движењето УРА веќе најавуваше одлучна борба против корупцијата, која можеше веќе да се види преку апсењето на директорот на Управата за недвижнини и на уште неколку доскорешни функционери.

Абазовиќ посебно го привлече вниманието на црногорската јавност со смената на директорот на Управата на полицијата на Црна Гора, а набрзо потоа и на директорот на Агенцијата за национална безбедност.

Scroll to Top