Црн рекорд во Италија – над 5.000 заразени со коронавирус во изминатиот ден

пред 4 години

Италијанските здравствени власти соопштија дека бројот на официјално регистрирани нови инфекции со новиот коронавирус се зголемил за 5.372 во изминатите 24 часа, што е најголем број во рамки на 24 часа од 29 март, кога имаше пик на епидемијата на Апенините.

Последен пат Италија имала повеќе од 5.000 нови случаи на 29 март, кога имало 5.217, а тој ден починале 756 лица.

Бројот на новоинфицирани во Италија вчера надмина 4.000 за првпат од 12 април.

Од последниот пресек, уште 28 лица заразени со вирусот починаа, нешто повеќе од претходниот ден кога имаше 22, но далеку помалку отколку во екот на епидемијата во март и април.

Во Италија, 343.770 лица се заразени од почетокот на епидемијата, а 36.111 починале.

Scroll to Top