Чавушоглу: Ако Азербејџан побара Турција ќе интервенира во Нагорно-Карабах

пред 4 години

Азербејџан е способен сам да ја ослободи својата територија, но ако сака поддршка и побара помош ќе бидеме со него, изјави денеска шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.

Тој не ја исклучи можноста од воена интервенција во каквкаската област Нагорно-Карабах, претежно населена со Ерменци, која „де јуре“ е дел од Азербејџан.

– Со ови напади Ерменија го игнорира меѓународното право. На ова е потребно да се одговори бидејќи Азербејџан води борба на своја територија. Во кој дел од светот окупаторот и окупираните би биле третирани на ист начин, истакна Чавушоглу.

Изјавата на Чавашоглу уследи по наводите на Ерменија дека Турција е учествува во судирот во Нагорно-Карабах. Ерменското Министерство за одбрана вчера соопшти дека турски авион соборил авион на ерменското воено воздухопловство, што беше демантирано од портпаролот на турскиот претседател и и азербејџанското Министерство за одбрана.

И претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев вчера демантираше дека Турција учествува во конфликтот во Нагорно-Карабах.

– Тоа се лажни вести. Не постои ниту еден доказ дека Турција учествува во судирот и нема потреба за тоа. Азербејџан е доволно подготвен да го заштити својот народ и територија, истакна Алијев.

Ситуацијата во Нагорно-Карабах ескалира минатата недела, а Баку и Ереван меѓусебно се обвинуваат за отпочнување на воените дејствија. На четвртиот ден од ескалација на насилството и денеска продолжува размена на артилериски оган помеѓу ерменската и азербејџанската армија во Багорно-Карабах.

Scroll to Top