Чавушоглу: Турција е спремна да го поддржи Азербејџан и на бојното поле

пред 4 години

Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу изјави денеска дека Турција е подготвена да го поддржи Азербејџан како на бојното поле, така и на преговарачката маса.

„За овој проблем постои само едно решение. Ерменија мора да ја напушти територијата на Азербејџан. Ако тоа не се случи, проблемот нема да биде решен. Подготвени сме да му пружиме поддршка на Азербејџан и на преговарачката маса и на бојното поле,“ изјави Чавушоглу.

Борбите меѓу азербејџанските и ерменските сили во спорната област Нагорно-Карабах продолжија и денеска, со нови жртви на двете страни и употреба на хеликоптери, авијација и артилерија.

Областа, населена главно со Ерменци, е спорна со децении, а последните непријателства ги доведоа двете земји во отворена војна. Во Ерменија е воведена воена состојба, објавена е општа мобилизација и забранет е излез од државата за сите мажи од 18 до 55 години. Во Азербејџан е воведен полициски час.

Извор: a1on.mk

Scroll to Top