Чешка се понуди да ги купи вакцините на „Астра зенека“ од кои се откажа Данска

пред 3 години

Чешка се понуди да ги откупи од Данска останатите дози од вакцината „Астра Зенека“, откако тие одлучија целосно да ја прекинат употребата на оваа вакцина.

„Подготвени сме да ја купиме вакцината ‘Астра Зенека’ од Данска“, истакна чешкиот министер за внатрешни работи, Јан Хамачек.

Неколку земји досега ја ограничија старосната граница за употребата на оваа вакцина, но Данска е првата која се одлучи на целосен прекин, и покрај тоа што ваквиот потег може да предизвика одложување во кампањата за вакцинација.

 

Scroll to Top