Шефот на кабинетот на Белата куќа позитивен на Ковид-19

пред 4 години

Додека Американците чекаат да биде објавен победникот на изборите, Ројтерс известува дека шефот на кабинетот на Белата куќа, Марк Медоус е позитивен на коронавирус.

Иако Медоус често се појавуваше на настани без маска, не е јасно каде точно се заразил, изјави изворот на агенцијата.

Медоус, главниот советник на Трамп и поранешен пратеник во Северна Каролина, редовно го придружуваше американскиот претседател на сите предизборни митинзи.

Scroll to Top