Шпанија во јануари ќе почне со програма за вакцинација против коронавирусот

пред 3 години

Шпанија ќе почне со сеопфатна програма за вакцинација против коронавирусот во јануари, најави денеска премиерот Педро Санчез.

Тој рече дека Шпанија и Германија се првите земји на Европската унија што подготвиле целосен план за вакцинација.

– Кампањата ќе почне во јануари и ќе има 13.000 точки за вакцинација, рече Санчез на прес-конференција по самитот на лидерите на Г-20.

Тој додаде дека Шпанија ќе ангажира повеќе здравствени работници за зајакнување на нејзиниот здравствен систем.

– Ни претстојат неколку тешки месеци, но планот е направен, рече Санчез.

Scroll to Top