„Њујорк тајмс“: Трамп покажува лесни симптоми

пред 4 години

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е позитивен на Ковид-19, како и неговата сопруга Меланија и дека ќе оди во карантин.

„Вечерва, првата дама и јас бевме тестирани и позитивни на Ковид-19“, напиша претседателот на „Твитер“.

„Веднаш започнуваме четиринаесетдневен процес на изолација и закрепнување. Ќе успееме ЗАЕДНО“, додаде тој.

Повикувајќи се на два извори упатени во здравствената состојба на Трамп, „Њујорк тајмс“ наведува дека американскиот претседател покажува благи симптоми на болеста.

„Претседателот покажува, како што опиша една личност, симптоми на настинка“, пишува „Њујорк тајмс“.

Тој синоќа присуствуваше на вечера за донации во неговиот голф-клуб во Бедминстер, каде што беше во контакт со стотина луѓе. Изгледаше летаргично.

Официјален претставник на Белата куќа за „Њујорк тајмс“ изјави дека од моментот кога се знаело дека Трамп е позитивен на Ковид-19, се дискутира за планот за негово лекување. Исто така, се зборуваше за можно обраќање до нацијата или емитување на снимено соопштение дека Трамп функционира нормално и дека нема прекини во работата на неговата администрација.

Scroll to Top