Џонсон подготвен да се повлече од преговорите со ЕУ, тврдат медиуми

пред 3 години

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон е подготвен да се повлече од преговорите со Европската унија доколку ЕУ не ги исполни британските барања, објави весникот „Сан“.

„Тој денеска ќе и соопшти на ЕУ дека не е за нагли потези, бидејќи е цврст во својата позиција дека е против доцните барања за Брегзит што пристигнаа од Франција“, пишува „Сан“.

Од неговиот кабинет за весникот изјавиле дека премиерот ќе ги запре разговорите доколку ЕУ одбие да отстапи од „нечуените“ барања.

Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и Борис Џонсон попладнево телефонски ќе разговараат за трговскиот договор.

Scroll to Top