1.595 новозаразени од коронавирус во Бугарија, бројот на заразени млади луѓе расте

пред 4 години

Во последните 24 часа, 1.595 новозаразени од Ковид-19 во Бугарија од спроведени 9.038 ПЦР тестови.

Бројот на активни случаи на инфекцијата се 16.033, хоспитализирани се 1.792 лица, од кои 112 се лекуваат на одделенијата за интензивна нега.

Рекорд на новозаразени е повторно регистриран во главниот бугарски град Софија -549 случаи, проследен со Пловдив – 140 и Благоевград – 90.

Вкупниот број на починати во кој е пронајден коронавирусот е вкупно 1.064, додека во изминатите 24 часа починале 16 лица.

Во последното деноноќие излекувани се 235 лица, а вкупно се заразени 17.833.

Бројот на заразени од Ковид-19 на возраст од 30 до 39 години (5.918), го надмина оној на заразени помеѓу 60 – 69 години кој изнесува 5.185.

Повеќето носители на коронавирус во земјата се меѓу лица кои припаѓаат на групата од 50 до 59 години, а кој изнесува 6.615.

Scroll to Top