1.795 новозаразени со коронавирус во Србија

пред 3 години

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 1.795 нови случаи на коронавирус, а 34 лица починаа. На респиратори се 201 пациент во болниците низ целата земја.

Тестирани се 10.564 лица, од кои 16,99 проценти биле позитивни.

Досега се тестирани вкупно 2.399.702, а позитивни биле 359.689 лица.Од почетокот на пандемијата во Србија, починале 3.582 лица.

Scroll to Top