105 Британци заразени со јужноафриканскиот сој на коронавирусот

пред 3 години

Британската Влада соопшти дека во земјата се регистрирани случаи на зараза со новиот јужноафрикански вид коронавирус кај лица кои не патувале во странство ниту биле во контакт со луѓе кои допатувале во земјата од странство.

Во различни делови на Велика Британија од 22 декември до денеска кај 105 луѓе е откриен јужноафриканскиот вид Ковид-19. Лицата кај кои е откриен мутираниот вид на вирусот се во самоизолација, а исто така е покрената и акција да се пронајдат сите кои биле во контакт со заразените лица и да се стават во самоизолација.

Епидемиолозите тврдат дека јужноафриканскиот вид на Ковид-19 полесно се пренесува, но нема докази дека предизвикува потешка клиничка слика кај инфицираните лица.

Клиничките истражувања покажаа дека вакцините на компаниите Новавакс и на Џонсон и Џонсон помалку штитат од заразување со јужноафриканскиот мутиран вирус.

Scroll to Top