22 лица загинаа во нелегално надградена зграда во Каиро

пред 3 години

Бројот на лица кои загинаа откако се урна висококатница во Каиро достигна 22 лица. Претходно имаше информации за 18 мртви. Три лица се пријавени како исчезнати и потрагата продолжува.

Спасувачките екипи успеаја да спасат 25 лица. Според прелиминарните извештаи, сопственикот нелегално додал шест ката.

Куќата, првично изградена во 2011 година, имала четири ката. Според очевидци, пред неколку дена во продавницата, сместена на приземјето, сопственикот започнал со реконструкција, при што ги пробил sидовите и урнал неколку потпорни столбови.

Scroll to Top