752 нови случаи на Ковид-19 во Словенија

пред 3 години

Во последните 24 часа, Словенија забележала 752 нови случаи на Ковид-19, при намален опсег на тестирање, а како резултат на вирусот починале 25 лица.

Од 2.669 ПЦР тестови, потврдени биле 667 инфекции, што значи дека 25 проценти од наодите биле позитивни. Од 2.492 брзи антигенски тестови, откриени се уште 85 инфекции, со 3,4 процентна стапка на позитивни. Бројот на активни случаи во моментов е 24.408, соопшти Министерството за здравство.

Во болниците има 1.143 пациенти, 17 помалку од вчера. На интензивна нега се 202 од нив.

Вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 2.973.

Досега со вакцината на „Фајзер“ се вакцинирале нешто повеќе од 20.000 корисници и вработени во домовите за стари лица, како и здравствен пресонал во болниците, а владата најави дека ќе добие и 26.000 дози од вакцината на „Модерна“, порачана преку Европската комисија, во првите два месеца од годинава.

Scroll to Top