Jапонска компанија тврди дека има лек кој го скратува времето на закрепнување од Ковид-19

пред 4 години

Jапонската компанија „Фуџифилм“ објави дека нејзиниот лек „Авиган“, веќе одобрен за потешките групи, обезбедил статистички значајно намалување на времето за опоравување на пациентите со Ковид-19. Од 156 пациенти вклучени во клиничкото испитување од третата фаза во Јапонија, просечното времетраење на опоравување било 11,9 дена за оние кои биле лекувани со „Авиган“, а 14,7 дена за оние третирани со плацебо, се вели во соопштението на компанијата. Крајот на закрепнувањето бил одредуван кога коронавирусот веќе не бил детектиран со ПЦР тестовите, а пациентите немале други симптоми како треска. Клиничкото тестирање било насочено кон пациенти со лесна пневмонија поврзана со Ковид-19. Испитувањето спроведено од март, сега е завршено, а не открило никакви нови опасности по здравјето на пациентите поврзани со земањето на „Авиган“, прецизира „Фуџифилм“. Компанијата сега ќе спроведе детална анализа на податоците собрани за време на тестирањето и очекува во октомври да поднесе апликација за комерцијално одобрување на лекот за Ковид-19 во Јапонија. Лекот „Авиган“ (фавипиравир) во Јапонија е дозволен од 2014 година, но само за третман на тешки случаи на грип кога стандардните лекови немаат ефикасност. извор: Makfax

Извор: vecer.mk

Scroll to Top