Вардар бара од ЕХФ да се игра мечот со Елверум

пред 4 години

РК Вардар реагираше на одлуката на ЕХФ да се одложи мечот од Лигата на шампионите против норвешкиот Елверум, кој требаше да се игра во Скопје на 24 септември.

Причина за одложувањето се рестрикциите од страна на Норвешка поврзани со патувањето на тимот на Елверум во Скопје, и потоа задолжителното задржување во карантин по враќањето.

„Не можеме да влијаеме на одлуките на норвешките власти, но треба да забележиме дека секоја влада обезбедува исклучок за спортските тимови. Ние сме на позиција дека Вардар 1961 не бил еднакво третиран бидејќи ги направивме сите потребни активности за организација на натпреварот, вклучувајќи ги сите стандарди за здравствена безбедност во согласност со упатствата на ЕХФ и на локалната самоуправа, како и изолираната резервација на хотелот само за луѓето од Елверум.

Одложувањето на натпреварот ќе му донесе повеќе проблеми на Вардар 1961 бидејќи сме пред почеток на СЕХА лигата и ќе се соочиме со проблеми во календарот и со натпреварот со Елеверум. Од друга страна, Елверум имаше опција да го одложи својот натпревар во домашното првенство.

Ние би сакале, доколку е можно, одлуката за одложување да се ревидира и натпреварот да се игра според предвиденото“, велат од Вардар.

Фото: РК Вардар

Извор: makfax.com.mk

Scroll to Top