Венгер одбил да биде селектор на Србија

пред 3 години

Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) му ја понудил селекторската позиција на легендарниот француски тренер Арсен Венгер. Дел од медиумите во Србија, пишуваат дека првиот човек на ФСС, Славиша Кокеза, стапил во контакт со 72-годишниот тренер. Венгер, се заблагодарил на понудата и порачал дека не е заинтересиран да биде селектор на Србија. Актуелен селектор на Србија е Љубиша Тумбаковиќ, но неговата позиција е сериозно загрозена откако не успеа да избори пласман на Европското првенство. Најверојатно тој ќе биде сменет на 15.декември. Откако Венгер ја одбил понудата, јавноста шпекулира дека на позицијата на Тумбаковиќ ќе дојде Владан Милојевиќ, екс-тренерот на Црвена звезда или легендата на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси.

Scroll to Top