(ВО ЖИВО) Хаос во Буенос Аирес: Милиони луѓе на улицте се збогуваат со Марадона

пред 3 години

Милиони луѓе се простуваат од починатиот поранешен аргентински репрезентативец Диего Марадона. Некои се излезени на улиците, а други ја следат церемонијата во живо.

Ковчегот со телото е изложен во „Каса Росада“, официјалната резиденција на аргентинскиот претседател.

Се проценува дека милион луѓе ќе дојдат да се простат од Марадона. Настанот ќе трае 48 часа.

Преку ковчегот е поставено аргентинското знаме и националниот дрес со бројот 10, кој го носел Диего.

Марадона во својата кариера беше дел од Бока јуниорс (1981 – 1982, 1995 – 1997), Барселона (1982 – 1984) и Наполи (1984 – 1991).

Тој исто така беше селектор на репрезентацијата на Аргентина од 2008 до 2010 година.

Во 1986 година, играјќи за националниот тим, Марадона го освои Светското првенство што се одржа во Мексико. Тој беше избран за најдобар играч на тој турнир. Ќе остане запаметен и по „Божјата рака“ од дуелот со Англија (2:1) кога постигна гол со рака во четвртфиналето на СП 1986 година.

Марадона исто така го освои италијанскиот шампион двапати со Наполи.

Scroll to Top