Гвардиола ќе потпише нов договор со Манчестер сити

пред 3 години

Пеп Гвардиола ќе го продолжи договрот со Манчестер сити. Актуелниот договор на тренерот со клубот истекува во јуни 2021 година. Поранешниот тренер на Барселона и Баерн Минхен, со „граѓаните“, ќе го продолжи договорот до 30.јуни 2023 година. Пеп Гвардиола го презеде Манчестер сити во 2016 година. Досега го предводел тимот на 245 натпревари, има скор од 176 победи, 36 порази и 33 нерешени резултати. Освоил две титули во Премиер лигата, исто толку во ФА купот и Суперкупот на Англија, како и три титули во Лига купот. Англиските медиуми најавата дека Гвардиола ќе остане во Манчестер сити, ја поврзуваат со можниот трансфер на Лионел Меси. Наводно, во јануари, Сити на Барселона ќе и понудат 50.000.000 фунти за еден од најдобрите фудбалер на сите времиња.

Scroll to Top