Главоболки за Мурињо, Кејн поради повреда не се појави на тренинг

пред 3 години

Капитенот на Тотенхем, Хари Кејн (27) поради повреда е неизвесен за неделното дерби на Лондон против Арсенал. Тренерот на „петлите“, Жозе Мурињо потврди дека Кејн ќе го пропушти денешниот тренинг, на кој ги немаше ниту Регуилон, Карлос Винисиус и Ерик Ламела. Португалецот се надева дека сите освен Ламела ќе се подготвени за дуелот со „топчиите“. „Не верувам дека Ламела ќе игра викендов. Хари, Винисиус и Серџо имаат шанса да се подготват за мечот. Нема да кажам за каква повреда (Кејн) се работи, мислам дека има шанси за настап, тоа е моето претчувство“ рече „Специјалниот“. Добра вест за Тотенхем е што Тоби Алдервирелд се врати на тренинзите откако ги пропушти дуелите со Лудогорец и Челси. Тој ќе биде на располагање веќе за утрешниот меч против ЛАСК во рамки на ЛЕ.

Scroll to Top