Емотивна посвета на последниот клуб на Марадона – Гимназија со трон за најголемиот

пред 3 години

Гимназија Ла Плата, последниот клуб каде што Диего Марадона беше тренер, одигра 0:0 со Хуракан во првиот меч за клубот по смртта на Марадона, оддавајќи му последна почит на тренерот, кој лани ги спаси од испаѓање.

На центарот на теренот беше поставен бел „трон“ – фотелја каква што Марадона користеше додека беше тренер на клубот, и сите фудбалери и официјални лица поставија цвеќе во чест на легендата.

Ќерките на Марадона исто така беа присутни на мечот и добија копии од дресовите на клубот.

Scroll to Top