Жиру остана шокиран, Вернер го промаши она што не се промашува

пред 3 години

Челси и Лидс јунајтед го играат натпреварот од 11.коло во Премиер лигата. Како и да заврши овој натпревар, долго ќе се прераскажува она што успеа да го промаши Тимо Вернер. Лидс го шокираше Челси во петтата минута со голот на Бамфорд, а четири минути подоцна Вернер промаши нешто што не се промашува. Два пати од пола метар не успеа да ја смести топката во голот на Лидс, по обидот на Жиру. Интересна е и реакцијата на Жиру кој во моментот кога топката стигна до Вернер ги крена рацете и започна да слави.

Scroll to Top