Иџе победи во Валелунга

пред 4 години

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе победи во Валелунга, Италија, во рамките на ТЦР шампионатот. Иџе кој вчера го освои седмото место, денешната трка ја стартуваше од пол-позицијата и со сигурно возење не им дозволи на конкурентите да му ја оспорат победата. Македонецот во целта имаше за девет секунди подобро време од Алесандро Џардели, додека на третото место заврши Јакопо Гуидети. Стефановски во генералниот пласман се наоѓа на 10 место.

Извор: topsport.mk

Scroll to Top