Кошмарно деби за Тијаго Силва, Челси во 93 минута се спасија од пораз

пред 4 години

Брилијантен меч на Хоторнс одиграа Вест Бромвич Албион и Челси (ВБА). Челси имаа негатива по првиот дел 0:3, но на крајот изборија реми 3.3 со голот на Тами Ејбрахам во 93 минута.

Првиот дел од натпреварот уште еднаш г откри сите слабости кои Челси ги имаат во одбраната.

Од грешките на Маркос Алонсо и Тијаго Силва, кој на овој меч дебитираше за Челси, ВБА постигнаа два гола преку Робинсон во четвртата и 25 минута. Три минути подоцна лошото позиционирање на играчите на Челси го искористи Фурлонг.

ВБА со 25 отсто од поседот на топката во првиот дел на пауза заминаа со предност 3:0.

За разлика од првиот дел кога играчите на Челси не ги користеја своите шанси, во вториот дел беа нешто подобри.

Мејсон Маунт во 55 минута со удар од 23 метри г изненади голамнот Џонстон. На гол негатива „сините“ се доближија во 70 минута кога Хадсон-Одои ја затресе мрежата на ВБА.

Во самиот финиш ВБА не го издржаа притисокот под кои се наоѓаа во текот на целиот меч. Ејбрахам успеа да постигне гол во 93 минута за конечни 3:3.



Извор: makfax.com.mk

Scroll to Top