Меси, Кутињо и Тер Штеген нема да играат со Ференцварош

пред 3 години

Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, играчот за врска Филип Кутињо и голманот Марк-Андре тер Штеген нема да играат на натпреварот од групната фаза во 5. коло од Лигата на шампионите против Ференцварош.

Тројцата го пропуштија денешниот тренинг на каталонскиот клуб.

„Diario Sport“ забележува дека главниот тренер на Каталонците, Роналд Куман им даде одмор на овие играчи.

Ференцварош ќе биде домаќин на Барселона утревечер (2 декември) со почеток во 21 часот во Будимпешта.

Scroll to Top